Грција: Од сезонски грип починале 77 лица

Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За само една недела во Грција се регистрирани 17 нови смртни случаи од сезонски грип, а од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 23 февруари 2020, 77 лица починале од грип, покажува неделниот извештај на грчката Националната организација за јавно здравје.

Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За една недела седум лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019, се зголеми на 206 лица. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот