„Грција од дома” – кампања на Министерството за туризам на Грција (ВИДЕО)

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, рече дека главната порака на кампањата е да се остане дома и за земјата да се научи токму од дома.

Гледам, патувам, учам се главните компоненти на платформата „Грција од дома” (Greece from home) за зајакнување на сликата на Грција во странство, иницирана од Министерството за туризам на Грција, Грчката национална организација за туризам и иницијативата „Marketing Greece” и со поддршка од „Гугл”, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку платформата, луѓето од целиот свет ќе можат, седејќи дома, да се поврзат со културата на Грција, виртуелно да патуваат во земјата, но и да учат преку едукативни семинари, пред сѐ наменети за зајакнување на бизнисите во областа на туризмот.

-Време е да се остане дома и да се стисне копчето пауза, но тоа не значи дека треба да прекинеме да се поврзуваме, да бидеме инспирирани и да учиме, е пораката на почетокот од промотивното видео за платформата.

На денешната онлајн прес конференција, Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, рече дека главната порака на кампањата е да се остане дома и за земјата да се научи токму од дома.

-Владата денес, покрај мерките за заштита на јавното здравство, заштитата и рестартирањето на економијата и обновата на грчкото општество, презема иницијативи и за зајакнување и управување со сликата на нашата земја како туристичка дестинација во рамките на целокупната стратегија за справување со пандемијата на СОВИД-19, истакна Теохарис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот