Грција нема да ги отвори границите за сите туристи

Без рестартирање на туризмот, не може да има траен економски рестарт, вели Теохарис.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, вели дека земјата прави напори да ги отвори границите за туристи во јули. Тој нагласи дека сепак границите нема да бидат отворени за сите и рече дека за почеток би било добро да се воспостави билатерална комуникација и патување за само некои земји.

Тој објасни дека за отворањето на границите, постои дискусија со здравствените експерти, кои ќе го имаат последниот збор.

-Сега сме во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и се надеваме дека ќе ни дадат одобрение постепено да отвораме, рече грчкиот министер.

Теохарис во интервјуто објасни дека грчкиот туризам од март до сега е целосно запрен и изрази надеж дека ќе може да се спроведат безбедни здравствени процедури, односно заедничка рамка на правила „кои што ќе дозволат или на билатерално или на европско ниво да се патува и да се оди на некаков вид на одмор”.

Паралелно истакна дека без рестартирање на туризмот, не може да има траен економски рестарт.

Видео на денот