Грција не знае кога би ја отворила летната туристичка сезона – бара заедничка европска стратегија

Засега, не постои промена на одлуката за отворањето на границите. Мерката со која железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција со Северна Македонија и забранет, како и забраната за влез на македонски државјани на грчка територија, е продолжена до 15 мај.

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис ја истакна потребата пред своите европски колеги за одредување и спроведување на заедничка европска стратегија за заживување на дискусијата за рестартирање на туристичката индустрија, како и на потребата за заеднички правила за одново започнување на воздушниот, морскиот и патниот транспорт за обезбедување безбедно и непречено движење на патниците од ЕУ.

Теохарис на заедничката видео – конференција ја споменал и потребата за формирање заеднички протоколи за аеродромите, хотелите, јавниот превоз, угостителството и слично како и формирање Фонд за закрепнување за туризмот на европско ниво.

Во однос на туристичката сезона во Грција, засега не постојат конкретни информации, кога точно би започнала.

Засега, не постои промена на одлуката за отворањето на границите и во сила е, законскиот акт според кој мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања на Грција со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, е продолжена до 15 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот