Грција не планира да лета турски дронови

Фото: МИА

Министерството за национална одбрана на Грција категорично ги демантира шпекулациите и непотврдените информации што доаѓаат од странските медиуми дека грчката армија има намера да набави далечински управувани или беспилотни летала од турско производство, соопштуваат од грчкото Министерство, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението, освен што ги демантираат натписите во грчките и странските медиуми, коментираат дека шпекулациите се шират уште кон крајот на мај, порачувајќи дека потребно е прво да се проверат информациите пред да се објават во внатрешноста на земјата, „согласно основните правила за новинарска етика, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со националната одбрана и безбедност”.

Додаваат дека во спротивно, Министерството за одбрана го задржува целото законско право да се справи со ширењето лажни вести како што е тоа предвидено со соодветните закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот