Грција на пензионерите незаконски им ги намалувала пензиите

epa07466660 Pensioners shout slogans as they take part in an anti-austerity rally in central Athens, Greece, 27 March 2019. Pensioners hold a rally in the center of Athens demanding the Easter 'bonus' salary, the restoration of pensions and free public health. EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Трошокот за поврат на незаконски намалените пензии би можел да достигне три милијарди евра, вели експертот за работни односи Костас Боурлос.

Грција на пензионерите веројатно ќе мора да им врати милијарди евра поради незаконски намалените пензии во време на финансиската криза, покажува заклучокот од судската пресуда.

За да ја надмине должничката криза, Грција од 2010 до 2015 година добила три меѓународни финансиски пакети кои вклучувале обврска за намалување на државната потрошувачка.

Изминатите години владата во повеќе наврати ги намалуваше државните пензии за да може пензискиот систем да биде одржлив, објаснува Ројтерс.

Илјадници пензионери чии пензии се намалени и до 50 отсто поднесоа судски тужби, а највисокиот управен суд пресуди дека некои намалувања во 2015 и 2016 година не биле во склад со законот. Денеска објавеното сиже од пресудата не содржи детали.

Државниот совет така во сижето не прецизираше дали одлуката се однесува само на пензионери кои поднеле судски тужби или на сите 2,5 милиони пензионери чии пензии се намалени.

Трошокот за поврат на незаконски намалените пензии би можел да достигне три милијарди евра, вели експертот за работни односи Костас Боурлос.

„Мораме прво да ги видиме сите детали од одлуката, тогаш ќе можеме да одлучиме каква ќе биде нашата стратегија“; изјави за Ројтерес неименуван владин функционер.

Грчката економија годинава поради пандемијата од ковид-19 ќе има пад од 7,5 до 10,5 отсто. За 10-годишната криза намалено е за четвртина, потсетува Ројтерс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот