Грција му нуди секаква помош на Египет за одглавување на Суецкиот Канал

Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT -- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2020 MAXAR TECHNOLOGIES -- the watermark may not be removed/cropped -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Грција е целосно подготвена да ѝ понуди секаква можна помош на пријателски Египет за одново воспоставување на пловидбата, како во однос на извлекување на бродот „Ever Given “,така и за работите поврзани со ископување, пишува во заедничкото соопштение на Министерствата за надворешни работи и поморство на Грција, во врска со заглавениот брод во Суецкиот канал, јави дописничката на МИА од Атина.

Од двете министерства велат дека Грција, како поморска земја со најголема трговска флота во светот,„придава особено значење на вредноста на слободна и непречена пловидба на светско ниво и затоа веднаш се мобилизираше”.

Додаваат дека внимателно го следат развојот на настаните и изразуваат надеж дека набргу Суецкиот канал „повторно ќе биде достапен за меѓународна пловидба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот