Грција му даде рок од 72 часа на либискиот амбасадор да ја напушти државата

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас утрово го повикал амбасадорот на Либија во Атина и му соопштил дека е донесена одлука за негово протерување од земјата. Амбасадорот има рок од 72 часа да ја напушти Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас утрово изјави дека ова не значи и прекин на дипломатските односи со Триполи.

Оваа одлука доаѓа по договорот меѓу Турција и Либија за морските зони, за кој Атина смета дека го прекршува меѓународното морско право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот