Грција ќе спроведе дополнителни мерки по 45-те потврдени случаи на коронавирус

Надлежната комисија од Министерството за здравство на Грција ќе одлучи за дополнителни рестриктивни мерки за местата за јавните собири, Министерството за образование на Грција утре ќе излезе со соопштение за евентуално затворање на училишта, а Министерствата за финансии, развој и труд во понеделник ќе ги соопштат економските мерки за погодените региони од коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанок со надлежните министри на кој беше оценета ситуацијата во јавното здравје и последиците врз економијата по 45те потврдени случаи на Ковид-19 во Грција.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека дополнителните мерки ќе ги објават надлежните министерства.

-Од Министерството за здравство по состанокот на надлежната комисија, ќе се донесе одлука за дополнителни рестриктивни мерки за јавните места за собири. Исто така, ќе се разгледа кога и кои училишни единици треба да прекинат со работа. За училиштата соопштенија ќе има утре. Министерствата за финансии, развој и труд ќе ги конкретизираат и во понеделник, заеднички ќе ги објават мерки во економијата за областите погодени од рестриктивните мерки на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

На состанокот одржан во премиерската палата, учествуваа министри од осум министерства (за финансии, развој, за здравство, труд, образование, за внатрешни работи, туризам и дигитално управување) тројца заменици министри, двајца генерални секретари, претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и професорот по епидемиологија и претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот