Грција, Израел и Кипар се договорија за изградбата на гасоводот „Ист Мед“

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Гасоводот „Ист Мед“ би се протегал на речиси 1.900 километри – од израелските и кипарските гасни полиња во источното Средоземје, преку Грција до Италија.

Владите на Грција, Израел и Кипар потпишаа договор за изградба на гасоводот „Ист Мед“, кој до средина на декадата би можел да ја снабдува Европа со четири отсто од нејзините годишни потреби за гас, пренесува „Индекс“.

По склучувањето на договорот, кој ја манифестира политичката волја за реализација на проектот, сега на градежниот конзорциум кој го предводи грчката јавна компанија ДЕПА и италијански Едисон и останува да пронајде речиси шест милијарди евра, колкушто се проценува дека гасоводот би чинел.

Гасоводот „Ист Мед“ би се протегал на речиси 1.900 километри – од израелските и кипарските гасни полиња во источното Средоземје, преку Грција до Италија.

На почетокот би имал капацитет од 10 милијарди кубни метри гас годишно, но колилините би можеле да станат двојно поголеми со помош на најновите технологии за компресија, јавува „Ал Џезира“.

ДЕПА минатата недела го направи првиот чекор кон оживувањето на „Ист Мед“, ветувајќи дека ќе купува две милијарди кубни метри израелски гас годишно, за кои смета дека може да го продава на европските дистрибутери на гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот