Грција испрати во Албанија 20.000 вакцини „Астра Зенека“

epa08931901 A nurse prepares a dose of the Oxford/AstraZeneca Covid-19 vaccine at the NHS vaccine mass vaccination centre that has been set up in the grounds of Epsom Race Course, in Surrey, Britain 11 January 2021. The UK government has announced that mass vaccination centres will start operating from 11 January in London, Newcastle, Manchester, Birmingham, Bristol, Surrey and Stevenage. EPA-EFE/DOMINIC LIPINSKI / POOL

Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини „Астра Зенека“, соопштија, преку социјалните мрежи, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни”.

На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Северна Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција. 

Видео на денот