Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право во однос на Договорот Турција – Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик министерот под премиерот и портпаролн на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека во првиот допис, до Советот за безбедност објаснети се аргументите дека не постои заедничката морска граница меѓу Либија и Турција, но и дека Договорот не ги зема во предвид грчките острови и правото да имаат морски зони.

– Во писмото до Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, поставени се истите аргументи и се бара, поради непвалидност, да не се регистрира во Обединетите нации и да не се објави во секторот за океански прашања и морското право н ОН, рече Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот