Грција им должи милијарди евра на пензионерите поради незаконски кратења на пензиите

Изминатите години владата во повеќе наврати ги намалуваше државните пензии со цел пензискиот систем да остане одржлив, пренесува „Ројтерс“.

Поради незаконски намалувања на пензиите за време на финансиската криза во земјата сега Грција се соочува со пресуда во која се вели дека ќе мора да им врати милијарди евра на пензионерите.

Со цел да се справи со должничката криза од 2010 до 2015 година земјата доби 3 меѓународни финансиски пакети кои вклучуваа обврски за намалување на државните трошења.

Изминатите години владата во повеќе наврати ги намалуваше државните пензии со цел пензискиот систем да остане одржлив, пренесува „Ројтерс“.

Илјадници пензионери чии пензии беа намаени и до 50 отсто поднесоа судски тужби, а највисокиот управен суд пресуди дека некои од намалувањата во 2015 и 2016 година не биле согласни законот.

Сепак во воведот на пресудата не е прецизирано дали таа ќе важи само за оние лица кои покренале тужба или за сите 2,5 милиони пензионери чии пензии биле намалувани.

– Трошокот за поврат на незаконското кратење на пензиите би можел да достигне и до три милијарди евра, вели експертот за работни односи Косгтар Бурлос.

– Прво мора да се погледнат деталите на одлуката, потоа ќе одлучиме каква ќе биде нашата стратегија, вели за „Ројтерс“ неименуван владин претставник.

Грчката економија оваа година ќе опадне за 7,5 до 10,5 отстопоради пандемијата од корона вирусот. За време на десетгодишната криза таа е намалена за една четвртина, потсетува „Ројтерс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот