Грција и порача на Турција да престане да ги користи бегалците како средство за притисок врз Европа

Турција да ја спроведе заедничката изјава ЕУ-Турција и да престане да ги користи бегалците како средство за притисок врз Грција и Европа, рече портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас на денешниот брифинг со новинарите во однос на изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, кој говореше за лошите услови за мигрантите во Грција и лошото однесување на грчките власти.

Грција како правна и демократска држава не прифаќа лекции од никој. Турција, наместо да дава насоки, добро ќе биде да ги спроведе одредбите од заедничката изјава ЕУ – Турција и да престане да ги користи бегалците како средство за притисок врз Грција, но и врз Европа, рече Гениматас.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, меѓу другото, ја повика Грција, меѓу другото, да ги подобри нехуманите услови за мигрантите, да спречи смрт на новороденчиња, да не заборави дека овие луѓе имаат права и слободи согласно со меѓународното право, да не користи оружје кон мигрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот