Грција: Граѓаните со лесни симптоми на коронавирусот да не ги посетуваат болниците

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска упати апел до граѓаните „кои не припаѓаат на ранливите групи и имаат лесни симптоми на коронавирусот да не ги посетуваат државните болници за да се тестираат, бидејќи постои ризик од пренесување на болеста на ранливите групи”, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Грчката организација за јавно здравје, соопштуваат дека приоритет се дава на граѓаните кои имаат тешка респираторна болест и на постарите лица со хронични проблеми.

– Најефективната мерка за ограничување на епидемијата е домашна изолација при појава на вирусни симптоми кај луѓето кои припаѓаат во ранливата група.

Треба да се нагласи дека оние кои имаат благи симптоми или кои бараат општи информации за новиот коронавирус не треба да се јават во ЕОДИ, туку да се консултираат со нивниот матичен лекар, соопштуваат од организација за јавно здравје на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот