Грција го затвори граничниот премин со Турција кај Еврос

Поради насобраните бегалци и мигранти на турска страна со намера да влезат на грчка територија, Грција претпладнево го затвори граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, затворена е царинската служба и не се пропуштаат граѓани, а грчката страна уште од рано утрово е под силно полициско обезбедување.

Грчките медиуми пишуваат дека ситуацијата е мирна на граничниот премин е мирна.

Претходно, извор од турската Влада изјави дека Турција веќе нема да ги задржува бегалците кои сакаат од Турција да одат во земјите од ЕУ. Се проценува дека во Турција има околу четири милиони бегалци од војната во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот