Грција го уапси капетанот на товарен брод што се судри со брод на грчката армија

epa08776989 An operation is underway to rescue the 27-member crew of the Hellenic Navy minesweeper Kallisto, which took on water after colliding with the cargo ship Maersk Launceston outside the port of Piraeus, Greece, 27 October 2020. Two people have been injured while a total of 27 people have been taken to hospital as a precaution. Greek Coast Guard vessels and nearby ships are in the area. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Грчките власти денес го уапсија капетанот на товарниот кој брод под знамето на Португалија се судри со грчки воен брод во близина на пристаништето Пиреја.

Крајбрежната стража соопшти дека капетанот е уапсен за кршење на грчкиот кривичен законик и меѓународните прописи за спречување судири на море.

Бродот за пребарување мини на грчката армија беше преполовен во вчерашниот судир, што се случи додека товарниот брод беше на пат од Пиреја кон турското пристаниште Чанакале.

Двајца од 27-те членови на екипажот на грчкиот воен брод се пренесени во болница со полесни повреди, додека другите се евакуирани.

Нема пријавено оштетување на товарниот брод, како и повредени на кој било од 22-те членови на екипажот. Со бродот управува компанијата Џон Есбергер, чие седиште е во Германија.

Компанијата денес објави дека грчките власти ги испрашувале членовите на екипажот на товарниот брод и поднеле обвинение против капетанот.

„Точните детали за инцидентот што се случи вчераутро сè уште не се познати. Грчките власти ја продолжуваат истрагата, на која Џон Есбергер ќе им понуди целосна соработка“, соопшти компанијата.

Извор:Бета

Судaр во вода кај Пиреја: Товарен брод со португалско знаме удри во брод на грчката воена морнарица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот