Грција ги очекува предлозите од ЕК за туризам: Подготвена е за туристи од 1 јули

Плажа Лагониси, Грција / EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Грчката Влада ги очекува денешните предлози, одлуки и упатства од Европската комисија за потоа да го финализира и да го соопшти својот комплетен план за туризмот, објаснија државниот министер Јоргос Герапетритис и портпаролот на владата Стелиос Пецас, во синоќешните, одделни интервјуа за две грчки телевизии.

Пецас говорејќи за ТВ „Антена” рече дека набргу ќе го презентираат нивниот план, но не сакаат тоа да биде пред да го имаат конечниот предлог на ЕК за транспортот на патници, додека пак Герапетритис, во интервјуто за телевизијата „Стар” рече дека денешниот ден е клучен, но тие се подготвени да постават „целосно функционален систем за прием на странските туристи, доколку епидемиолошките податоци продолжат да бидат охрабрувачки до крајот на јуни”, јави дописничката на МИА од Атина.

Државниот министер на Грција истакна дека ако сѐ биде во ред, ќе бидат во позиција од 1 јули безбедно да примат странски туристи и објасни дека во нацрт планот на Европската комисија ќе има општи упатства во врска со копнениот, воздушниот и водениот транспорт, како и општи упатства за хотелските објекти, здравственото управување и сл.

За грчкиот план, рече дека тие се фокусираат на три нивоа.

Националното ниво,односно зајакнување на здравствените структури на сите туристички дестинации.

-На второто ниво, на ниво на Европската унија, ќе притиснеме колку е можно за одлуките што ќе се донесат да не бидат штетни за националните интереси, да го охрабруваат туризмот и да создаваат таков вид на здравствени протоколи, за нашите граѓани да чувствуваат безбедност и за да не се разниша здравствената ситуација на нашите дестинации, рече Герапетритис.

Третото ниво се меѓудржавните договори со други земји на кои работи грчката Влада.

Во однос на процедурите за влез на туристи, Герапетритис спомена дека ќе биде потребно пред поаѓањето да се направи тест, а категорично рече дека „не постои веројатност за карантин за странските посетителите кои доаѓаат во Грција”.

-Нашиот став е дека ќе треба, пред поаѓањето да се направи тест или молекуларен или за антитела, за да постои безбедност во врска со нивното здравје. Веројатно е да постои и мерење на температурата на аеродромот при пристигнувањето. А потоа ќе се движат слободно во Грција. Секако, јасно е дека ние ќе ги преземеме сите потребни мерки за дури и да се појави случај да имаме многу брзи реакции и да не постои било какво ширење. Секако, очигледно е дека ако постои прашањето, по враќањето, посетителите да бидат во карантин, ова е причина што е целосно спречувачка. Тоа е нешто што ние нема да го прифатиме, ниту да го поддржиме и затоа за ова ќе има ќе имаме цврст став и на национално ниво и на ниво на ЕУ, рече Герапетритис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот