Грција ги намалува даноците

фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави намалување на даноците и бенефициите во обид да го зголеми рејтингот на неговата партија пред трoјниот предизборен предизвик, кој започнува овој месец.

Пред европските и локалните избори на 26. мај и националните избори на крајот на годината, Ципрас најави намалување на даноците на храната и енергијата „па така Грците ќе ја почувствуваат што е можно побрзо … обновата на економијата“.

На прес-конференцијата Ципрас рече дека штедењето и најдобрите од очекуваните економски резултати, исто така ќе и овозможат на Грција да откупи назад 3.6 милијарди евра „скапи“ кредити од ММФ.

Други 1,14 милијарди евра оваа година ќе дозволат намалување на данокот на храната до 13% од 24% во моментов, а енергетскиот данок ќе биде преполовен од 13% на 6%, рече премиерот.

Ципрас се бори да ја стигне главната опозициска конзервативна партија „Нова демократија“, која има стабилно водечко место во анкетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот