Грција е подготвена веднаш да испрати помош на Турција

Фото: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT

Подготвеноста на Грција да испрати спасувачки тимови во Турција, ја изразил шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во телефонскиот разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, додека пак премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис му се јавил на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

Двата телефонски разговори се по силниот земјотрес што ги погоди Самос и Измир.

-Стапив во контакт со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу и му ја изразив подготвеноста на грчката Влада веднаш да испрати припадници на единицата за помош при катастрофи , напиша Дендиас на „Твитер”.

А исто така преку „Твитер”, грчкиот премиер соопшти дека телефонски разговарал со турскиот претседател за да му изрази сочувство за трагично загубените животи во земјотресот што ги погоди двете земји.

-Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашите народи треба да бидат обединети, напиша Мицотакис

Извор:МИА

ВИДЕО | Слободен печат дознава: Расте бројот на загинати и повредени во Измир, мобилните телефони не работат, прекинат е и интернетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот