Грција дополнително ги олеснува рестрикциите: Започнуваат културните активности

Фото: Unsplash

Музеите, летните кина, како и можноста за организирање настани во живо, но на отворено, добија зелено светло од Комисијата на епидемиолози и грчката Влада одлучи постепено да бидат отворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас на денешната редовна прес конференција соопшти дека од следниот петок се отвораат музеите, една седмица подоцна, на 21 мај летните кина, кои ќе работат со 75 отсто од капацитетот, а од 28 мај ќе биде дозволено организирање на претстави, концерти и сл, но само на отворено и со забрането стоење на посетителите.

Паралелно, соопшти дека на 17 мај, односно една седмица по отворањето на училиштата закажано за понеделник, ќе се отворат и детските градинки, како и конзерваториумите.

Се очекува дополнително да бидат соопштени правилата и здравствените протоколи за работа.

Според надлежното министерство за спорт, Комисијата на епидемиолози препорачала и постепено отворање на спортските активности, како што е отворање на базените, почеток на тренинзи за одредени спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот