Грција бара методологии како да ја спаси годинешната туристичка сезона

Целта на Грција е да ги отворат „портите за влез во земјата”, бидејќи туризмот е важен дел од економијата. Властите почетно се фокусираат на јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Туристите да се тестираат од Ковид – 19 пред да влезат во авион и да се упатат кон оваа земја, а со тоа би добиле „здравствен пасош“. Ова е една од методологиите кои предвидуваат безбеден влез во Грција, вели Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис.

Меѓутоа, тој истакнува дека потребно е, Европската унија и Европската комисија, да постигнат заеднички европски разговор и договор за некој вид на протоколи.

-Ако се согласиме сите, тогаш може тестовите да бидат при влезот, пристигнувајќи на аеродромите и така да имаме многу подобра методологија и помалку проблеми, додава Министерот за туризам на Грција.

Според надлежниот министер, целта на Грција е да се отворат „портите за влез во земјата”, бидејќи како што објасни, туризмот е важен дел од економијата и додаде дека почетно, се фокусираат на јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Објасни дека постои интерес од странство, повеќе нема откажувања на аранжмани, а тие како Министерство се во континуиран контакт со големите тур оператори за да се наполнат големите хотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот