Грција: Запленетите 160 килограми кокаин биле скриени во контејнер со банани

Во контејнер со банани што во Грција пристигнал од Латинска Америка биле откриени 161 килограм и 23 грама кокаин, што всушност е втора пратка и поврзана со онаа од почетокот на мај кога македонската и грчката полиција во координација со американската ДЕА запленија 104 килограми кокаин и беа уапсени вкупно 14 лица во Северна Македонија и Грција.

Од македонското МВР потврдија дека е во тек голема акција, но најавија дека детали ќе бидат соопштени по целосното завршување на акцијата што ја водат полициите на двете земји, координирана со ДЕА, а во која е запленет висококвалитетен кокаин во вредност од над 10 милиони евра.

Од грчката полиција денеска соопштија дека станува збор за „едно од најголемите количества кокаин откриени на грчка територија“.

Шефот на секторот за односи со јавност на полицијата во Солун Христос Димитракопулос објасни дека по запленетите 104 килограми и 600 грама кокаин на почетокот на минатиот месец, кога беше разбиена повеќечлена криминална организација и беа уапсени 10 лица во Грција и четири во Северна Македонија, имале информации дека на атинското пристаниште ќе пристигне нова пратка со банани и скриен кокаин.

-Од дополнителната истрага спроведена од полициски службеници во соработка со канцеларијата на ДЕА во Атина, властите на Северна Македонија, Царината во Пиреа и Солун, Регионалниот тим за борба со дрога, Централното пристаниште во Солун и Центарот за Полициска соработка на Југоисточна Европа, произлезе дека на пристаништето Пиреа ќе пристигнат уште два контејнери со банани, каде што ќе бидат скриени количества кокаин, објасни Димитракопулос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот