Грција во шок: Се затру цело семејство – 16-годишно момче почина, неговите сестри се борат за живот

Трагедија ја потресе Грција. Во Ксанти, поради истекување на гас во домот, 16-годишно момче го загуби животот, а неговите сестри заедно со нивната мајка се во болница, известуваат грчките медиуми. 15-годишната и 18-годишната сестра се интубирани и нивната состојба се смета за сериозна, додека нивната постара, 20-годишна сестра е во добра состојба.

Мајката на децата, според првичните информации, ја избегнала опасноста.

Од непозната причина во куќа во населбата Магико Ксанти, имало истекување на гас и како резултат на тоа четворицата млади луѓе се затруле со јаглерод моноксид и заедно со нивната мајка биле префрлени во болницата во Ксанти. За жал, 16-годишното момче не успеа да го преживее труењето, известија официјалните служби во Грција.

Фото: Print Skrin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот