Грција: Вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници

Фото: Профимедиа

Во Грција, заклучно со денеска, потврдени се вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници, девет повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.

Сите потврдени случаи се мажи на возраст од 19 до 59 години, а 33 отсто, односно 16 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека во Европа, до 9 август 2022 година, се регистрирани 17 897 случаи на мајмунски сипаници во 41 земја.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот