Грција со нова 35-километарска ограда на границата со Турција ќе се штити од мигранти

Грција крена ограда на делница од уште 30 километри кон Турција - Фотографија ЕПА, Димитрис Тосидис

Цврста метална ограда висока пет метри и во должина од 35 километри на која ќе бидат поставени бодликава жица и ламарини кои ќе спречуваат било каков пристап, ќе биде изградена кај Еврос на грчко – турската граница во рамките на планот на Владата за дополнително проширување на веќе постоечката ограда.

Договорот за изградбата на новите 35 километри, попладнево го потпишаа надлежните министри и претставници на градежните компании во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Според информациите од грчката Влада, изградбата чини 99,2 милиони евра, а новата ограда „ќе ја зајакне ефикасноста на постоечката ограда од 37,5 километри долж грчко- турската граница“, додека пак планирано е во иднина да достигне до 140 километри.

Освен проширување на оградата, ќе се изградат и седум набљудувачки пунктови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на настанот организиран кај веќе изградената ограда, истакна дека токму таа ограда е една од причините што во последните години бил спречен влез на грчка територија на над 250.000 илегални мигранти.

„Оваа инвестиција што ја гледате не е евтина инвестиција, но е неопходна инвестиција за да ги заштитиме нашите граници. Ќе продолжиме на сите нивоа да бараме негово финансирање со европските фондови. И верувам дека оваа цел е остварлива. Но, изградбата на бариерата е национален императив“, порача Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот