Грција предлага ЕУ привремено да прифати деца од Газа

Јоргос Герапетритис / Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од Газа се додека трае конфликтот, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис.

Тој бара партнери за проектот, кој вклучува привремено носење деца во Европската унија, и како што пренесуваат грчкте медиуми негова изјава за Ројтерс тој нагласи дека оваа недела разговарал за идејата со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа.

„Мораме јасно да се соочиме со таа трагедија“, рече Герапетритис.
Тој не потенцира колку луѓе може да прими Грција или ЕУ, но рече дека тоа прашање се разговара со палестинските власти.

Герапетритис нагласи дека иницијативата не е поврзана со редовната миграција, која стана политички чувствителна во Европа и на која десницата силно се спротивставува.

„Ова е очигледен повик за хуманитарна помош. Овде не зборуваме за економски мигранти или други видови нерегуларна миграција“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот