Грција ќе набави израелски ракетни системи

Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи SPIKE- NILOS за потребите на армијата.

Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави на секаков вид на копнена или поморска платформа, а според државната телевизија „ЕРТ“ е идеално оружје за одбраната на земјата на границите.

Има напреден систем за контрола на траекторијата во реално време за време на летот на проектилот.

Информативниот портал „Њуз 247“ пишува дека израелските ракети SPIKE- NILOS можат да го претворат секое морско подрачје околу островите во „зона без пристап“, без разлика дали се под закана од воздух од непријателски хеликоптери или од закана од морето, па дури и од поголеми воени бродови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот