Грција бележи зголемен број новозаразени и починати од ковид-19

Ковид Грција/ Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број новозаразени, но и починати лица од Ковид-19 односно, од 113.940 направени тестови, потврдени се 27.490 случаи, што е 24,1 отсто од тестираните, додека пак починаа 73 лица.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, од новите случаи, 10.058 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 2.634 во Солун.

Приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници се 342 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.957.810 случаи на Ковид-19 и почина вкупно 27.341 лице.

Грција до лето планира да ги укинува рестриктивните мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот