Грчкото обвинителство ќе спроведува истраги за лицата што не ги почитуваат препораките

„Прашањето на личната одговорност, за жал, е многу ниско. Говориме за луѓе што треба да се во нивните домови, а не да излегуваат“ вели градоначалникот на Пиргос, Панајотис Андонакопулос.

Сите граѓани што се заразени или имаат симптоми на коронавирус, а не ги почитувале препораките да останат дома во изолација ќе се соочат со обвинение за сторено кривично дело… Обвинителството од грчката област Илиас веќе почнало со повикување на сведоци, меѓу кои е и градоначалникот на Пиргос, Панајотис Андонакопулос, кој алармираше дека дел од луѓето наместо да се во домашна изолација излегуваат надвор.

„Прашањето на личната одговорност, за жал, е многу ниско. Говориме за луѓе што треба да се во нивните домови, а не да излегуваат“, порача градоначалникот потенцирајќи дека тоа е кривично дело…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот