Грчко учество на „Скопско лето 2022“ под слоганот „Вложуваме во културата која нѐ спојува“

Фото: Промо

За првпат по многу години на фестивалот „Скопско лето“ 2022 ќе има и грчко учество под покровителство на Генералниот секретаријат за грчка дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни и со поддршка од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

В среда, 6 јули 2022, во 21:00 часот, јавноста ќе има можност да го почувствува силниот и освежителен бран од свинг и џез ноти за време на концертот на „Џим Политис Квартет“, којшто ќе се одржи во платото на „East Gate Mall” во соработка со „Скопско лето 2022“. Џим Политис (гитара) ќе биде придружуван од Јоргос Пациотис (гитара), Костас Арсенис (контрабас) и Серџио Хрисовицанос (виолина).

На настанот ќе се обрати шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија, г. Константинос Прокакис, а видео обраќање ќе има и генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија, почесниот професор, г. Јоанис Хрисулакис.

Слоганот на концертот гласи „Вложуваме во културата која нѐ спојува“. Северна Македонија и Грција имаат извонредна џез сцена, а фестивалот „Скопско лето“ претставува еден од најпрепознатливите културни настани кој ќе им овозможи на уметниците, на љубителите на музиката и на публиката од двете земји да се спојат на едно место, да се запознаат и да се забавуваат.

Медиумски спонзори на настанот се „Слободен печат“ и „Канал 5“.

Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на Општина Скопје вложуваат во културата која нѐ спојува и ги канат граѓаните и посетителите на градот да присуствуваат на овој музички настан. Влезот е бесплатен.

Видео на денот