Грчките училишта бришат податоци за вера и националност на учениците

Грчкото Министерство за образование соопшти денеска дека е договорено да се отстранат од училишните евиденции и потврди сите референци за верската припадност и националноста на децата.

Денешното соопштение е во согласност со одлуката на независно државно тело за приватност, кое одговара на жалба од атеисти и активисти за човекови права.

Државната власт смета дека е нелегално училишните власти да наведат на интерниот портал на Министерството за образование верска припадност и националност на учениците на сертификати за завршување на училиште, како и на изјави што неправославни Грци треба да ги потпишат со цел нивните деца да бидат ослободени од задолжителна настава религија.

Министерката за образование, Ники Керамеос, рече дека властите сега преземаат соодветни активности за да ја исполнат одлуката.

Грција го укинува верскиот идентитет во личните карти во 2000 година, и покрај силното спротивставување на Грчката православна црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот