Грчките ракометари со истиот „рецепт“ и во Струмица

handball.org.gr

Ги одржуваат шансите за таа трета позиција во квалификациската група, освен „чудо“ во Струмица, ќе се надеваат воедно и на триумф на Исланѓаните против Турција.

– Навистина импресивно чувство после ремито со Исланд. Важно е за нас дека напредувавме. Оптимист сум пред гостувањето во Струмица, имаме млади играчи кои што го покажуваат својот голем талент на терените – вели селекторот на Грција, Јани Арванитис.

handball.org.gr

Да потсетиме, дека нашата селекција во првиот меѓусебен дуел во Кожани изненадувачки загуби 28:26. Тој пораз сите ги шокираше, но се вративме со трите бода во дуелите со Исланд, како и со последниот важен гостински триумф над Турција.

Дуелот ќе се игра утре во салата „Парк“ во Струмица, се очекуваат полни трибини и се надеваме дека избраниците на селекторот Брестовац со победа ќе го завршат квалификацискиот циклус.

Со нови бодови „црвено-жолтите“ ќе го потврдат првото место и подобра позиција пред извлекувањето на групите за ЕУРО 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот