Грчките пратеници – лекари ќе се вратат во болниците за да помогнат во битката со Ковид-19

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

По двајцата пратеници, еден од Комунистичката партија и еден од Нова демократија, сега и десет пратеници од СИРИЗА, лекари по професија, изразуваат подготвеност да се вратат во болниците, да го помогнат здравствениот систем и волонтерски да се вклучат во битката со пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Секретарката на пратеничката група на СИРИЗА, Олга Геровасили, која и самата е лекар, преку писмо, денеска го информираше министерот за здравство на Грција дека сите пратеници што се лекари „со целосно чувство на одговорност кон грчкиот народ и поради потребата на здравствениот систем, стојат на располагање да го поддржат здравствениот систем”.

Меѓу пратениците од СИРИЗА има кардиолог, микробиолог, дерматолог, гинеколог, хирург – специјалист за интензивна нега, педијатар.

Иницијативата за замена на пратеничкиот костумот со бел мантил ја покрена вчера Јоргос Лабрулис, пратеникот од Комунистичката партија, кој е и еден од шесттемина потпретседатели на грчкиот Парламент и кој преку писмо до првиот спикер, побара привремено да биде ослободен од должностите.

По него следеше еден пратеник од Нова демократија, додека пак во текот на денешниот ден, освен членовите на СИРИЗА, се понудија уште двајца пратеници од владејачката партија и една пратеничка од опозициската Грчко решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот