-9 C
Скопје

Грчките пратеници го изгласа законот за додаток од 2.000 евра за секое новороденче

Со големо мнозинство грчкиот Парламент вчера го изгласа членот од законот од Министерството за труд и социјални работи на Грција што се однесува на новата владина мерка – додаток од 2.000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е додатокот да се исплаќа на две рати по 1.000 евра, а потребно е да се исполнат одредени критериуми, меѓу кои и годишниот приход на семејството да не биде над 40.000 евра, мајката да е со легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот.

Додатокот за новороденчињата не припаѓа во категоријата приходи и е ослободен од секаков дополнителен данок.

Прочитајте и...  Состојба во ковид центрите во Скопје: Хоспитализирани 14 пациенти во последните 24 часа, вкупно се лекуваaт 280 болни

Поврзани вести

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Слободен печат

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

Слободен печат

Царовска: Нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата, интеграцијата не значи намалување на часовите

Слободен печат

Остави Коментар