Грчките министерства внимателно го следат случајот со вооружениот напад на грчкиот танкер во Того

Фото: EPA-EFE/A. CARRASCO RAGEL

За вооружениот напад врз грчкиот танкер во Того крајбрежната служба на Грција, веднаш го известила грчкото МНР, а со наредба на Министерот за поморство и островска политика на Грција, надлежните служби во соработка со Министерството за надворешни работи на земјата и бродската компанија го следат случајот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за поморство на Грција соопштуваат дека рано утрово бил извршен вооружен напад врз танкерот под грчко знаме “Елка Аристотелис” со регистарски број 11217 од атинското пристаниште Пиреас што бил закотвен во главниот град на Того, Ломе и биле киднапирани четири од 24 членови на екипажот. Еден е грчки државјанин, двајца се од Филипини и еден од Грузија.

-Веднаш штом се дозна за инцидентот, Крајбрежната служба ги извести надлежните служби од Министерството за надворешни работи. Од прв момент беше информиран министерот за поморство и островска политика, Јанис Плакиотакис кој им даде наредба на надлежните дирекции во министерството тесно да го следат прашањето во соработка со Министерството за надворешни работи и бродската компанија, соопштуваат од Министерот за поморство и островска политика на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот