Грчките медиуми за датумот за предвремени избори кај нас

По долги и интензивни полемики за одредување датум за предвремените парламентарни избори, владата и опозицијата се договорија да се одржат на 15 јули, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот за изборите кај нас, кој го презедоа голем дел медиумите во Грција.

„Бел чад во Скопје: Заев и Мицкоски се договорија за избори на 15 јули”; „Северна Македонија: на 15 јули парламентарните избори”; „Северна Македонија: Коцката е фрлена за датумот за предвремените избори”; „На 15 јули парламентарните избори во Скопје”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА, во текстот објаснува дека изборите по првпат ќе се одржат во среда, а потсетува дека првичниот термин беше 12 април.

Паралелно, пишува дека и „претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во неговата писмена изјава го поздрав договорот постигнат меѓу политичките партии”.

Онлајн изданието на грчкиот весник „Етнос” пишува дека земјата од февруари е без Собрание и објаснува дека од почетокот на јануари постои техничка влада.

На 15 јули ќе се одржат изборите во Северна Македонија, четири месеци по нивното распишување и затворањето на Собранието, а земјата брои 193 починати од коронавирусот, наведува „Етнос”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот