Грчките медиуми пишуваат за првиот случај на коронавирус во нашата држава

Пренесена е изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, како и информацијата дека 50-годишната жена, со комбе се вратила од Италија.

Првиот регистриран случај со коронавирус во Северна Македонија беше соопштен само неколку часа откако Министерството за здравство на Грција информираше дека и кај јужниот сосед е откриен и потврден првиот случај на Ковид-19, што резултираше грчките медиуми, поконкретно само онлајн изданија да ја пренесат веста за заразената македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.

-Прв потврден случај на коронавирусот во Северна Македонија”; „Една 50-годишна жена е првиот случај на коронавирусот во Скопје”; „Ковид-19: Прв случај во Скопје”; „Коронавирусот зема замав во Европа – прв случај во С.Македонија”; „Коронавирус: Прв случај во Северна Македонија – жена која се вратила од Италија”; „ Северна Македонија: жена, првиот случај на коронавирус”; „Коронавирус: Вирусот стигна и во Северна Македонија”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно го објавуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА.

Прочитајте и...  Агресивен маж удри стјуардеса по лице: Погледнете како патник се изживуваше во авион (ВИДЕО)

Пренесена е изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, како и информацијата дека 50-годишната жена, со комбе се вратила од Италија.

Во синоќешните централни изданија на вестите на телевизиите во Грција фокусот беше ставен на двете главни теми што вчера беа актуелни кај јужниот сосед: првиот случај на коронавирусот во Солун и ситуацијата на Лезбос и Хиос, каде што имаше сериозни инциденти меѓу полицијата и локалното население.

Прочитај повеќе

Продолжува да опаѓа бројот на новозаразени лица со коронавирусот во Италија

Слободен печат

Русите навалија на ѓумбир: Веруваат дека овој суперзачин може да ги заштити од коронавирусот

Слободен печат

Светска банка одобри 1,9 милијарди американски долари за надминување на последиците од пандемијата

Слободен печат

И покрај коронавирусот расте бројот на резервации на крузерите за крстарење во 2021 година

Слободен печат

Над 6,6 милиони Американци во една недела останаа без работа – коронавирусот удри врз економијата

Слободен печат

Заев: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во светот веќе има над еден милион заболени од коронавирусот

Слободен печат

Уапсени пет белграѓани, измамиле Европејци за над 60 милиони евра

Слободен печат

Се затвори фабрика во Прилеп: Вработен бил во контакт со лице позитивно на коронавирус

Слободен печат

Намален бројот на примени пациенти на интензивна нега во Франција, за 24 часа 471 смртни случаи

Слободен печат

Ангеловска: Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање

Слободен печат

Најнови податоци за состојбата со Ковид-19 во светот до 20 часот

МИА Агенција