Грчкиот здравствен систем повторно под притисок: Во областа Атика болниците се преполни

epa08986329 Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis (2-L) talks with a member of the medical team during his visit to KAT General Hospital to see the new intense care unit (ICU) beds added in the service of the health system in the struggle against the coronavirus Covid-19 pandemic, in Athens, Greece, 04 February 2021. EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Очигледно е дека постои притисок врз здравствениот систем, особено во Атика, со кој верувам дека управуваме многу задоволително, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот со Комисијата „Грција 2021″, која донираше мобилни кревети за одделенијата за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, 95 отсто е исполнет капацитетот на ковид креветите на Одделенијата за интензивна нега во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак неколку болници се целосно полни, а во други има само по еден или два слободни кревети.

Атика до следниот понеделник е во строг карантин, а Мицотакис рече дека потребно е трпение во следните две седмици.

– Многу добро знам дека постои голем замор. Но, треба да направиме уште еден обид, особено овие две седмици, за да можеме да се вратиме на нормалниот ритам на работа на економијата, но и на образованието. Кога ќе одлучиме, ќе го испланираме тоа со паметни решенија и со нов взаемен договор на доверба со граѓаните: економијата постепено да се отвора и сите дисциплинирано да ги следиме правилата за да остане отворена, рече Мицотакис, а во однос на вакцинациите истакна дека оваа седмица ќе стигнат до еден милион.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите изрази надеж дека до Велигден ќе се изгради еден прв ѕид на имунитет, сѐ ќе зависи од пратките со вакцините во вториот квартал од годинава.

Во однос на сертификатот за вакцинација објасни дека намерата не е да има две категории на граѓани, туку категорија на патници кои доколку се вакцинирани нема да поминуваат низ тестови и бирократски процедури и додаде дека во Европа се повеќе земји го поддржуваат и прифаќаат предлогот на грчкиот премиер.

За економскиот аспект од здравствената криза, Пелони наведе дека за една година колку што трае пандемијата, Владата донела финансиски мерки за поддршка во висина од речиси 30 милијарди евра, од кои 24 милијарди во 2020 година, а 5,9 милијарди евра во првото тромесечје од годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот