Грчкиот премиер Мицотакис во официјална посета на САД

Кирјакос Мицотакис/ Фото: EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја започнува официјалната посета на САД, а во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе има обраќање во Конгресот, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на брифингот со новинарите во петокот рече дека Мицотакис и Бајден ќе разговараат за меѓународните и регионалните теми, турските провокации, билатералните прашања во рамките на стратешките партнерски односи Грција- САД, руската инвазија во Украина, како и енергетиката.

Според официјалната програма, Мицотакис доцна вечерва ќе се сретне со Бајден во Белата куќа, додека пак утре ќе оствари средби со потпретседателката на САД Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом на САД Нанси Пелоси и ќе се обрати во Конгресот.

За обраќањето на Мицотакис во Конгресот, портпаролот на грчката Влада истакна дека станува збор за „почесна покана што се упатува на странски лидери во екстремно ретки случаи”.

-Во САД, премиерот ќе  зборува со претседателот Бајден и ќе се обрати во Конгресот, како што самиот нагласи, не само во име на Грција, туку како претставник на хеленизмот.  Ќе зборува како премиер на земја која има самодоверба и е кредибилен сојузник и фактор на безбедноста и стабилноста на Балканот, во Медитеранот и Југоисточниот Медитеран, истакна Иконому во петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот