Грчкиот парламент со огромно мнозинство го изгласа законот за проширување на територијалните води

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Со поддршка од сите опозициски партии, со исклучок на Комунистичката, која гласаше „присутна”, грчкиот Парламент го изгласа законот за проширување на територијалните води на 12 милји во Јонското море, јави дописничката на МИА од Атина.

Законот од Министерството за надворешни работи на Грција „Одредување на обемот на морската зона во Јонското море и јонските Острови до `ртот Тенаро на Пелопонез”, го поддржаа 284 од 300 пратеници, ниту еден не гласаше против, додека пак „присутни” гласаа 16 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот