Грчкиот Парламент следната среда ќе гласа за избор за нов претседател на државата

Фото:EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

За Сакеларопулу да биде избрана за шеф на државата уште при првото гласање потребно е да добие 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот.

Во среда, на 22 јануари 2020 година, во грчкиот Парламент ќе се одржи првото гласање за избор на Екатерини Сакеларопулу за претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За Сакеларопулу да биде избрана за шеф на државата уште при првото гласање потребно е да добие 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот, што значи дека освен од 158-те пратениците од владејачката Нова демократија, ќе треба да добие поддршка и од пратеници од опозициските партии.

Во текот на денешниот ден партиите што се дел од грчкиот Парламент ќе одржат состаноци за да ја одредат нивната позиција во однос на тоа дали ќе гласаат „за” или „против” за Екатерини Сакеларопулу да биде новиот претседател на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот