Грчкиот Парламент ги изгласа законите за граничните премини кај Маркова нога и Мајден

Фото: МИА

По околу 90 минутна расправа на пленарна седница, во речиси празната сала на во грчкиот парламент и по обраќањето на 10 пратеници и говор алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција.

Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано.

За двата предлог закона, присутните пратеници во Парламентот, на две посебни електронски гласања, го изразија нивниот став, кој се броеше како став на партиите.

Анагностопулу во обраќањето рече дека со договорите се гледа практичната придобивка од Договорот од Преспа, истакна дека отворањето на граничните премини било барање на локалното население.

– Не дојдоа од небо овој закон и овие договори, напротив имав голем притисок од локалното население да дојде законот пред Велигден и иако им го ветев тоа и им се извинувам, не успеавме порано бидејќи беше потребно време за законодавната постапка. Тоа беше итно барање од локалното население, објасни алтернативната МНР на Грција и додаде дека и за граничниот премин кај Преспа, локалното население уште од 1967 година кога и се затвор – барало повторно отворање.

Анагностопулу уште еднаш категорично повтори дека без Договорот од Преспа и со претходната рамката што ги одредуваше односите на двете земји не можеше да се отворат граничните премини, бидејќи таа рамка беше истата со онаа од 1959 меѓу Грција и Југославија. Таа истакна дека во грчкиот Парламент, никогаш претходно не дошол никаков закон што се однесува на двете земји, затоа што постоеше проблемот со името.

– Договорот од Преспа ги одврза рацете и на грчката држава и на Република Северна Македонија. Потребен беше овој договор – рече Анагностопулу.

Во однос на финансирањето на граничните премини, алтернативната шефица на грчката дипломатија објасни дека ќе биде од европски програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот