Грчкиот Парламент даде зелено светло за Законот за право на глас за Грците кои живеат во странство

Фото:EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Со 288 гласа „за” од вкупно 300 пратеници, грчкиот Парламент даде зелено светло за законот за право на глас за Грците кои живеат во странство. Ова мнозинство кое се смета за историски консензус во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот закон го поддржаа сите партии со исклучок на партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, МЕРА25, која што беше против.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на расправата непосредно пред гласањето рече дека станува збор за историска седница со голем меѓупартиски консензус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот