Грчкиот министер за туризам: Халкидики е подготвен за нови туристи – Слободен печат
ВестиРегион

Грчкиот министер за туризам: Халкидики е подготвен за нови туристи

По средбите, министерот за туризам на Грција, констатира дека пораките од странство се позитивни, а големите пазари реагирале смирено.

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, денеска изјави дека Халкидики по големото невреме е подготвен да прими нови туристи.

Теохарис вчера и денеска, оствари средби со претставници на туристички организации и на големи тур оператори на Халкидики, ги посети повредените во болниците и рече дека веднаш ќе се започне со специјална кампања за да се испрати порака до странските пазари „за издржливоста на грчкиот туризам и брзото враќање во нормала“. Во овие рамки веќе биле известени големи тур оператори и медиуми од странство за Халкидики како динамична туристичка дестинација.

По средбите, министерот за туризам на Грција, констатира дека пораките од странство се позитивни, а големите пазари реагирале смирено.

Пораката дека на Халкидики веќе не постојат проблеми и оние кои постоеја веќе се надминаа, Теохарис jа испрати и преку интервјуто за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Не поминаа ни 24 часа и гледаме дека хотелите што се соочија со проблеми и штети, со паднати дрва и слично поради невремето, целосно се санирани и работат нормално. Грчкиот туризам се исправи, стои на нозе, а Халкидки е подготвен да ги прими оние кои ќе дојдат и секако да продолжи со гостопримството за оние кои што се веќе тука – посочи министерот за туризам во интервјуто за грчкото радио

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close