Делегација предводена од грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис денеска ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, министерот Хрисохоидис ќе биде пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со кога ќе има тет-а –тет средба.
-Прашања од медиумите не се предвидени, а снимена изјава од двајцата министри и соопштение ќе биде испратена од прес-службата на Министерството за внатрешни работи, стои во соопштението.