Грчкиот кошаркарски гигант и официјално исфрлен од првата лига

EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Грчкиот гигант Олимпијакос е исфрлен од првата грчка кошаркарска лига, објави дисциплинската комисија на Грчката кошаркарска федерација. Олимпијакс по автоматизам е елиминиран од плеј офот и префрлен на последното место на табелата, што значи селидба во понизок ранг.

Причината за исфрлањето од првата лига е одлуката на Олимпијакос да не настапи на првиот четвртфинален дуел со Панатинаикос во рамките на плеј офот. Олимпијакос бараше на средбите го големиот конкурент, да судат странски судии, но нивниот предлог беше одбиен.

„Олимпиjакос е исфрлен во втората лига поради одбивањето да учествува во плеј офот против Панатинаикос, и санкционирани се со елиминација од годинашниот пле јоф, што значи дека Олимпијакос сезонава нема да игра кошарка. Резултатите на клубот од Пиреја се „избришани“, а тимот е вратен ан последното место на табелата, но нема да има клуб кој ќе го заземе неговото место во плеј офот“, стои во соопштението на Грчката кошаркарска федерација.

Одлуката на дисциплинската комисија нема да влијае на настапот на Олимпијакос во Евролигата, бидејќи има договор на 10 години кој не го обврзува со пласман во домашното натпреварување. Како следен чекор на грчкиот тим се спомнува настапот во АБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот