Грчкиот бегалски камп „Рицона“ е ставен во карантин, потврдени 20 случаи на коронавирус

Бегалскиот камп „Рицона” во близина на грчкиот остров Евиа од денеска е во 14-дневен карантин, откако беше потврдено дека 20 лица се заразени со Ковид-19, по проверката на контактите на родилката позитивна на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција, утрово соопштија дека по наредба на надлежниот министер Нотис Митаракис, а во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната здравствена организација, бегалскиот камп во Рицона е во карантин во следните 14 дена.

-Оваа одлука е донесена по резултатите од вчерашната проверка на контактите на потврдениот случај на Ковид-19, кај жена која престојува во кампот, а е хоспитализирана по породувањето во атинска болница. При проверка на 63 лица во кампот во Рицона, беше констатирано дека 20 од нив се позитивни на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција и додаваат дека никој од овие 20 лица немал симптоми, а проверката на контактите ќе продолжи и во текот на денешниот ден

Во вторникот беше потврдено дека жена – барателка на азил, која престојува во организираниот бегалски камп „Рицона” е заразена со коронавирусот, а била тестирана веднаш откако се породила во атинска државна болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот