Грчки власти: Границите на земјата се отпорни и безбедни

Фото: МИА

Денеска сме во северен Еврос, заедно со началникот на Генералштабот на армијата, господинот Флорос, за да испратиме силна порака до сите дека Грција ги штити своите граници, Грција е безбедна земја, рекол, според АНА-МПА, министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, кој претпладнево замина за Еврос откако бегалци и мигранти започнаа да се собираат во Турција, на границата со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Хрисохоидис истакнува дека дополнително ќе се зајакне чувањето на границите, а сили од војската и полицијата од целата земја ги зајакнуваат службите на Еврос „за да биде поефективна и побезбедно чувањето” на границите.

– Многу е непријатно она што се случува од другата страна на границата. Односно, фактот дека несреќните луѓе се собираат на нашата граница, уценувачки, да влезат без патни исправи. Нашиот одговор е дека земјата прима и ги пречекува сите оние кои имаат легални патни исправи, но не можеме да прифатиме државјани на трети земји кои немаат легални документи. Границите на земјата се отпорни и затоа, несреќните луѓе немаат никаква причина да се собираат на нашите граници, на царинските станици, чекајќи да влезат во грчка и европска територија – вели министерот за цивилна заштита на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот