Грчки великан го „лови“ Несторовски! - Слободен печат
СпортФудбал

Грчки великан го „лови“ Несторовски!

Според италијанскиот „Тутомеркато“, Болоња го предизвикува Торино, но има и една грчка понуда за македонскиот фудбалер Несторовски.

Несторовски (29) до сега три години помина во редовите на Палермо, за чиј клуб нашиот интернационалец во Серија Б имаше учинок од 14 голови во 26 натпревари.

Претходно објавивме дека Палермо поради финансиски малверзации првично беше исфрлена во Серија Ц, но потоа беше преиначена одлуката од страна на италијанскиот Федерален суд.

Во текот на минатата сезона Несторовски и Трајковски беа блиску до целта, пласман во најдобрата италијанска лига, но безуспешно.

Несторовски има договор со клубот до 30 јуни 2021 година, но се шпекулира дека можно е летово Несторовски да си замине и тоа за добра сума да биде продаден со цел да му „помогне“ на клубот на финансиски план, како што и самиот истакна за италијанските медиуми.

Најновите информации велат дека Торино доби конкурент во Болоња за потписот на Несторовски, пренесува „Тутомеркато“.

А освен тие калчолигаши, истиот извор вели интерес за нашиот интернационалец покажува и еден од славните грчки клубови, Олимпијакос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close